Мукаетов уште четири години на чело на ракометната федерација

Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов ќе остане на оваа функција и во наредните четири години, откако една седмица пред Изборното собрание, ја доби поддршката од сите 54 ракометни клубови.

Сите ракометни клубови со право на глас писмено изразиле поддршка за Мукаетов, со што тој ќе биде единствен кандидат на Изборното собрание и согласно прописите кои налагаат дека еден клуб кој има свој делегат на собранието, не може да даде поддршка на двајца претседателски кандидати, ова значи дека Мукаетов нема да има противкандидат и со акламација ќе добие нов четиригодишен мандат.

Живко Мукаетов на претседателското место во Ракометната Федерација на Македонија дојде во март 2013 година.