Денес во Собранието на Република Македонија пратениците ја започнаа дискусијата на 111-тата седница на чиј дневен ред се наоѓа ребалансот на Буџетот за 2016 година.
Имено, на говорот на пратеникот од СДСМ Марјанчо Николов по повод ребалансот на Буџетот, со своја реплика се јави и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски.
Колега Николов, завршивте со мислење дека треба да го повлечеме ребалансот на Буџетот за 2016 година. Јас пак имам мислење дека ако малку имате совест, доблест и чувство за оваа држава и малку срам и образ, вие денес не требаше да бидете овде како пратеничка група и да расправате за ребалансот на Буџетот. Знаете зошто? Заради тоа што сите негативни последици кои што се случуваат на економијата во Македонија во изминативе две години се по заслуга токму на вас како СДСМ. Сите негативни работи ! И сликовите да се објаснам како вие што зборувавте за титаник. Вие сте една групација на Титаник која што влегла во кабината која што го води бродот во вистински правец, сте ги окупирале луѓето и бродот намерно сте го насочиле во Санта мраз и при тоа удирајќи во санта мраз први го напуштате бродот неводејќи воопшто грижа за патниците на овој брод. Е вака ќе ја опишам сликата и она што се случува во Македонија во изминативе две години. А дали тој брод одел во исправна насока или не, ќе ви кажам неколку работи и аргументи со кои што како народот вика, пред вистината и народот молчи, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Мукоски.
Тој потоа се осврна и образложи неколку аргументи и факти кои говорат дека економската политика на Владата на Република МАкедонија е исправна, наспроти тврдењата и обвинувањата од страна на пратениците од СДСМ.
Во ваше време, пред 10 години кога вие ја водевте економијата, не дај боже никогаш повеќе да ја водите, имавте раст на БДП од 5 милијарди евра, а сега имаме раст од 9 милијарди и 500 милиони евра. По глава на жител имавте 2400 евра, тоа сега е 4800 евра. Вашиот извоз беше милијарда и 644 милиони, наспроти 4 милијарди и 500 милиони. Во ваше време кривата на невработеност изгледаше вака, ја гледате црвената линија? Сега, го гледате ли овој пад на невраотеноста? Или во бројки кажано, 38.7% невработеност во ваше време, наспроти историската бројка од 24% невработеност денеска. Вие имавте 1 милијарда девизни резерви, сега тие се 2 милијарди и 200 милиони. Едвај прибиравте приходи во Буџетот, едвај милијарда и 500 милиони. Сега е воведена фискална дисциплина со најниски даноци во светот, не ја стимулираме сивата економија што вие ја протежиравте, и трето, има развој на економијата, влез на странски директни инвестиции. Мисловна именка беше во ваше време било која компанија да влезе во Македонија. Во моментов имаме над 55 компании кои работат во Македонија со преку 17 илјади вработени во тие фабрики, посочи Мукоски.
На крајот, Мукоски во врска со еврообврзницата истакна дека барем еднаш СДСМ треба да има еден и единствен став околу тоа, а не различни луѓе од врвот на партијата да даваат контрадикторни мислења.
Барем еднаш консолидирајте се. Узунов излезе и рече дека во Буџетот има пари и за плати и пензии. Вашиот заменик Наумов истото го рече. Вие овде го зборувате спротивното. Искоординирајте се, тие пари се за буџетска поддршка, капитални инвестиции и трансфери пред се во стопанството, заврши Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ.