Повеќе од 40 отсто од мултинационалните компании очекуваат дека следните години ќе го преселат производството во политички пријателските земји, а најмногу ги загрижува ризикот поврзан со Кина, покажуваат резултатитe од истражувањето на Европската централна банка (ECB).
Компаниите сѐ повеќе разглeдуваат преселување на производствените локации, откако пандемијата на ковид-19 и војната меѓу Русија и Украина ги нарушија синџирите на снабдување и вредностите, но малку се емпириски докази за масовна селидба, се наведува во коментарот на Reuters на оваа тема.
Барајќи потврда за ваквите навестувања, Европската централна банка спровела анкета во 65 многу големи компании со глобално влијание и утврдиле дека речиси половината од нив сакаат да произведуваат поблиску до местото на продажба.
Речиси 42 отсто од овие компании сакаат да го преселат сопственото производство во „пријателските“ земји, односно во оние во коишто се чувствуваат добредојдено.
„Меѓу земјите коишто претставуваат или би можело да претставуваат ризик за снинџирите за снабдување во нивните сектори две третини од испитаниците ја наведоа Кина“, објави ECB во нејзиниот Економски билтен.
Повеќе од половината од овие компании ги набавуваат клучните материјали само во една земја или во мала група земји, а речиси сите наведуваат дека таа набавка сега е изложена на зголемен ризик.
Големо мнозинство од компаниите учесници во анкетата ги набавуваат тие материјали во Кина или во група земји кои повторно ја вклучуваат Кина, а сите се согласиле дека таквата набавка влучува зголемен ризик, додава ECB.
Компаниите веќе неколку години настојуваат да го приближат производството до местото на потрошувачката, додека селењето во „пријателските“ земји е понов феномен, па така само 11 отсто од нив наведуваат дека таа стратегија веќе ја спроведувале во последните пет години.
Европската унија веројатно ќе биде губитник и во таквото производствено „престројување“, имајќи предвид дека компаниите кои мигрираат и натаму се во мнозинство во однос на компаните кои се враќаат, што би можело значително да влијае на вработувањето.
Миграцијата на компаниите би можело да ја поттикне и инфлацијата, со проценката на речиси половината од анкетираните компании дека преместувањето на производството поблиску до местото на продажбата ќе доведе до поскапувања, се наведува во Економскиот билтен на ECB.