Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин добил подарок од Пјонгјанг два песа од познатата севернокорејската од расата пунгсан, соопшти во неделата Сеул, што е уште едн знак на попуштање на тензиите меѓу двете Кореи од почеткот на годинава.
Кабинетот на јужнокорејскиот претседател додава во соопштението дека Пјогнјанг му ги подарил на Сеул кучињата по повод меѓукорејскиот самит одржан минатата седмица, како и дека Јужна Кореја ги промила во четвртокот.
Кучињата кои се стари околи една годинаи, се предаени во пограничнето село Панмунџом, во Демилитарилизираната зона. Пјонгјанг дарувал и три килограми храна за песовите за да им го „олесни прилагодувањето“, додава Сината куќа.
Расата пунгсан се ловечки кучиња со густа светло-жолтеникаво влакно и кафени очи, се одликуваат со верност и паметност. Во Северна Кореја ги сметаат за национално богатство.
Мун Џае-ун минатата седмица го посети Пјонгјанг каде што со севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун учествуваа на третиот самит од врвот од април годинава.