Мурал со ликот на Путин во Белград

Мурал со ликот на рускиот претседател, Владимир Путин, се појави денеска во населбата Врачар во Белград. На муралот пишува „брат“.

Неколку стотици луѓе вчера се собраа во центарот на Белград на протестот „Поддршка на рускиот народ“ организирана од неколку десничарски групи, нарекувајќи го српскиот претседател „предавник“ за поддршката на Србија за резолуцијата на ОН со која се осудува рускиот напад врз Украина.

Доколку Србија воведе санкции кон Русија по изборите, уште повеќе луѓе ќе излезат на улица отколку вечерва, изјавија организаторите од десничарските организации Народна патрола и Образ на собирот пред споменикот на рускиот цар Николај.

За српскиот претседател Александар Вучиќ, чија канцеларија не е далеку од насобраните демонстранти, организаторите велат дека тој го покажал својот „предавнички карактер“ гласајќи за резолуција на ОН.