Мурињо ја напуштa Рома на крајот на сезоната

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, објави „Sky Sports Italia“.

Според италијанскиот ТВ канал, 60-годишниот Португалец и клубот нема да го обноват договорот, не се водат ниту се планирани никакви преговори.

По осум натпревари Рома е на 10. место во италијанската Серија А со 11 бодови.

Мурињо е предводник на Рома од 2021 година. Во текот на својата богата тренерска кариера работеше и во Тотенхем, Манчестер јунајтед, Челзи, Реал Мадрид, Интер, Челзи, Порто, Леира и Бенфика.