Мурињо го посакува Алиоски како замена за повредениот Спинаѕола

Италијанските медиуми пренесуваат дека македонскиот фудбаслки репрезентативец Езџан Алиоски, кој не го продолжи договорот со англискиот премиерлигапш Лид Јунајтед, е ново име на листата со желби на Рома, чиј нов предводник Португалецот Жозе Мурињо го постакува како замена за повредениот Леонардо Спинаѕола.

Леонардо Спинаѕола минатата седмица на дуелот на континенталниот шампионат ја повреди Ахиловата тетива. Левиот бек веднаш беше опериран и сега го чека долг процес на опоравување и пауза од најмалку шест месеци.

Па Рома и Жозе Мурињо започнаа потрага на нов лев бев а според пишувањата на „Ил Темпо“, ново име на листата со желби е Алиоски.

Тој е слободен играч откако заврши неговиот договор со Лидс на 30-ти јуни а преговорите за продолжување на соработката завршија неуспешно.

Спортскиот веснил Il Tempo наведува дека раководството на Рома веќе остварило контакт со застапниците на Езгџан Алиоски, наскоро ќе започнат преговори со неговиот агент и ќе достават конкретна понуда.