Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо, повторно е центартот на фудбалското внимание но сега поради изјавата дека градскиот ривал Арсенал нема право на некакво алиби кога е во прашање борбата за шампионската титула.
„Арсенал потроши многу години, многу години на заедничка работа, работеа на тие млади фудбалери кои сега се возрасни, не се веќе деца. Џек Вилшир, Алекс-Окслед Чембрлен, Тео Волкот и Киран Гибс не се повеќе деца, тие се сериозни фудбалери. Беа деца, но сега се искусни фудбалери. Менаџерот на Арсенал веќе неколку сезони работи со овие деца, а сега на располагање ги има и услугите на Месут Озил, Санти Казорла и Пер Мертесакер, го доби и последниот дел од мозаикот, го доби потребното искуство. Арсенал има многу добар тим и Арсенал нема право на некакво алиби кога е во прашање борбата за шампионската титула”, изјави трофејниот португалски експерт.