Мурињо ја одби понудата од Бенфика

Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, одби да го предводи тимот на Бенфика, објави сппортскиот дневен весник AS.

Според шпанскиот весник, раководството на португалскиот тим сака да го види Мурињо како главен тренер по отпуштањето на Руи Виториа. Сепак, таа желба нема да им се исполни, затоа што португалскиот фудбалски стручњак ј аодбил понудата на лисабонскиот клуб.

Мурињо се уште е без работа откако доби отказ од Манчестер Јунајтед. Од друга страна, Бенфика го отпушти Виториа во четвртокот поради слабите резултати на тимот.

На местото на Мурињо, Јунајтед го постави Оле Гунар Солскјер, додека Бенфика се’ уште бара