Мурињо нема да го откачи Торес

Иако постојано повторува дека не е многу задоволен од ефектот на неговите напаѓачи, контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо откри дека и во новата клупска сезона ќе смета на услугите на шпанскиот интернационалец Фернандо Торес.

“Да, Торес е дел од моите планови за новата клупска сезона. Станува збор добар фудбалер, но не и за таков напаѓач кој може да постигне погодок на секој натпревар. Сепак, Торес работи напорно на секој натпревар, секогаш им помага на тимските колеги, никој не смее да оспори неговиот допринос. Ми се допаѓа Фернандо Торес, и во новата клупска сезона ќе сметам на неговите услуги”, изјави португалскиот стручњак.

Репрезентативецот на Шпанија е познат како најскапа аквизиција во клупската историја на лондонскиот премиерлигаш Челзи кој одвои околу 50 мил. фунти за неговите услуги во 2011 година.

Во дресот на Челзи, Торес има одиграно 172 натпревари и има постигнато само 46 погодоци.