Мурсели: Целта ни е Тетово да има стадион според сите меѓународни стандарди

Победите и позитивните резултати на ФK Шкендија, но и на другите клубови од нашиот град не прават среќни и не прават да се чувствуваме горди, затоа во мојата програма за управување имаме предвидено максимална посветеност за елиминирање на имотните и правните пречки за да му овозможиме на концесионерот да го обнови и модернизира стадионот на градот, рече во саботата Вулнет Мурсели кандидат за градоначалник на Тетово од коалицијата Алијана за Албанците/Алтернатива, поддржан и од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За обнова на Македонија.

„Мојата цел и на мојот тим е граѓаните на Тетово да имаат стадион според сите меѓународни стандарди каде ќе можат да гледаат првенствени натпревари, репрезентативни натпревари, државен суперкуп, државни финалиња, натпревари од Лигата на шампионите и Лига Европа“, рече Мурсели кој во саботата го следеше првенствниот дуел на актуелниот првак Шкендија кој го совлада со 3:0 велешки Борец.

Мурсели, исто така, додаде дека верува дека наскоро за време на власта на коалицијата ќе се ангажираат за изградба на специјална област за навивачи (фан зона) каде што ќе можат да ги гледаат натпреварите на нивните омилени клубови или европските и светските првенства.