На средба со претставниците на невладинoто здружение „Кортекс“-Тетово Сема Халили и Небахат Имери од близу ме информираа и ме запознаа со анализата за процена на потребите на жените жртви на семејно насилство, информира Вулнет Мурсели, кандодат за градоначалник на Тетово од Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Оваа анализа е подготвена во рамките на проектот „Институционализација на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција на жени жртви на насилство“ во спроведувањето на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство поддржана од Австриската агенција за развој, кој се спроведува вналокално ниво од невладината организација „Кортекс“-Тетово.
– На средбата разговаравме за препораките и заклучоците од анализата, каде што невладината организација „Кортекс“ ми ја претстави реалната состојба на проблемите со кои се соочуваат жените жртви на насилство, особено во периодот кога ќе одлучат да го напуштат насилниот партнер. Во мандатот на моето управување со Општина Тетово ќе има посебен буџет за оваа социјално чувствителна категорија исто така и во соработка со други институции ќе помогнеме во постапката за изградба на засолниште за жени жртви на семејно насилство и ќе им обезбедиме психолошка поддршка и бесплатна правна помош – вели Мурсели.