Заложбата на новата Влада за брзо зачленување на земјата во Европската унија беше уште еднаш истакната на денешните состаноци со високите претставници на Унијата, изјави министерот за европски прашања Орхан Муетезани, кој во четвртокот го придружуваше премиерот Христијан Мицкоски при неговата работна посета на Брисел.
„Тоа го докажавме со тоа што во владината програма меѓу првите приоритети е членството на Република Северна Македонија во ЕУ, меѓутоа и со брзото усвојување на реформската агенда која што е дел од Планот за раст“, рече Муртезани.
Според него, овој План за раст на западен Балкан, што го предложи Европската комисија, претставува рамка преку која Европската унија ги третира земјите од регионот слично како да се членки на Унијата, имајќи предвид дека износот на средства што ќе им биде на ставен на располагање е на ниво од речиси на 90 отсто од тоа што го добиваат државите од блокот.
„Ако ги додадеме и геополитичките случувања и приоритетот на ЕУ во политиката на проширување, сметам дека е одличен момент како земја брзо да чекориме кон полноправно членство во Европската унија“, нагласи министерот за европски прашања.