Муса: ECOWAS подготвен воено да интервенира доколку пропаднат дипломатските напори

Запаедноафриканскиот економски блок ECOWAS е подготвен воено да интервенира во Нигер доколку не успеат дипломатските напори да се поништи воениот преват во оваа земја им рече висок функционер на воените компшандати кои во четвртокот во Гана разговаат за силите за приправност.

Комесарот на ECOWAS за политички прашања, мир и безбедност Адел-Фао Муса ја обвини нигерската воена хунта која на 26-ти јули го собори од власт преседателот Мохамед Базум обвинувајќи го за држењето на земјата во беда и дека не води војна против џихадистичките бунтовници, велеќји дека таа си „игра мачка и глушец“ со блокот бидејќи одбива да се сретне со делегацијата и бара оправдување за преземањето на власта.

„Воените и цивилните сили на западна Африка се подготвени да се одговорат на повикот на должноста“, изјави Муса пред началниците на штабовите од државите членки.

Во тој контекст ги наброја минатите распоредување на силите на земјите од ECOWAS во Гамбија, Либерија и другите земји како примери за подготвеноста.

„Доколку дојде до критична точка, одиме во Нигер со нашите сопствени контингенти, опрема и ресурси за да бидеме сигурни дека ќе го вратиме уставниот поредок. Доколку другите демократски партнери сакаат да нѐ поддржат, добредодјени се“, рече Муса.

Во предвид, пред сѐ, Муса ги има француските трупи кои во Нигер ги има 1.500 и американските војници во две бази. Франција беше колонијален господар на повеќето земји од ECOWAS, вклучително и Нигер до 1960 година. А оваа сиромашна земја богата со нафта и руди е главниот извор на евтин ураниум за Франција за нејзината широка мрежа нуклеарни централи.

Таканатечениот Глобален Запад е загрижен не само за судбината и губењето на влијанието во Нигер, каде е изведен седмиот државен удар во западна и централна Африка во последните три години, туку за растечкото влијание на ривалските глобални сили, како Русија и Кина, со свои стратешки интереси во регионот.

Муса, исто така, не ги коментираше предупредувањата на исто така членките Буркина Фасо и Мали, каде што преврати се случија изминатите години, дека воена инвазија на ECOWAS во Нигер ќе ја сметаат и за напад врз нив самите и оти воено ќе ги поддржат нигерските пучисти/

Но Муса остро ја критикуваше најавата на пучистите дека постојат елементи соборениот претседател Базум да биде суден за велепрадавство.

„Иронија е тоа што некој кој е и самиот во ситуција на заложник … е обвинет за предавство. Кога го сторил предавството, тоа сите само го нагаѓаат“, рече Муса

Во понеделникот полковникот Амаду Андрамане, портпарол на хунтата која доби широка поддршка од населението изјави за државната телевизија дека новата власт ги „собира потребните елементи за кривичен прогон на соборениот претседател… за велепредавство и поткопување на внатрешната и надворешната безбедност на Нигер“.

Превратот во Нигер, седмиот во западна и централна Африка во последните три години, покрај оние во соседните Буркина Фасо, Мали и Гвинеја со идентично образложение – незадоволство од тоа како владите се справуваат со повеќегодишниот џихадистички бунт и сиромаштијата, како и раширената корупција, го потрее регионот на Сахел.

Овој западноафрикански дел од супсахарска Африка е меѓу најсиромашните на светот и покрај неговите големи резерви на ураниум и нафта и присуството на странски воени сили, во прв ред на Франција и САД. Покрај клучната улога во борбата со исламистичките милитанти, Нигер има важна улога и во запирањето на нелегалната миграција кон Европа, па има геостратешка важност за САД, Европската унија, Кина и Русија.