Осмата годишнина на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржа денес во Александар Палас. Традиционално, трудот на најдобрите 35 студенти беше препознаен од софтверската компанија Мусала Софт и ги награди со лап топ – ранци Samsonite најуспешните.
На свечениот настан присуствуваа: Министер за образование и наука, Арбен Адеми и Заменик министер за образование и наука, Петар Атанасов. Регионалниот менаџер на Мусала Софт, Александар Убавков одржа мотивациски говор за студентите:
„Мусала Софт секогаш го поддржува развојот на младиот, талентиран кадар кој е дивгател на софтверската индустрија и ИТ секторот во Македонија и пошироко. Го поздравуваме Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство кој постојано го одржува квалитетот на студиите и образованието! Со ова стекнато знаење ве очекува многу работа и супер заработувачка. Искористете ги мудро!“ кажа Александар Убавков, Регионален менаџер на Мусала Софт, Скопје.
„ФИНКИ веќе осум години успева да ги постави најбитните темели на идниот ИТ кадар во Македонија. Задоволен сум од тоа во која насока се движат понатаму кариерите на нашите студенти, особено во компании како Мусала Софт. Верувам дека поддршката помеѓу приватниот и образвовниот сектор ќе продолжи и ќе резултира со уште поуспешни заеднички проекти и активности за подобрување на квалитетот на испораката на софтверските услуги и продукти во Македонија“, кажа Иван Чорбев, Декан на ФИНКИ
Соработката помеѓу Мусала Софт и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје постојано се развива и расте. Мусала Софт верува дека со поддржување на образовни иницијативи и сопствени и партнерски проекти, ИТ секторот и софтверската индустрија ќе земе офанзивен замав.
За Мусала Софт:
Мусала Софт (www.musala.com) е водечки регионален снабдувач на софтверски решенија во Југоисточна Европа. Тимот од 500 професионалци, поделен во четири канцеларии: Скопје, Софија, Русе и Бургас работат со широк спектар на технологии во некои од најжешките области како IoT, Big Data, Cloud, AI, Information Management, Automation Testing, Business Analysis, UI&UX.
Компанијата создава и успешно имплементира иновативни решенија и е докажан партнер на локални и меѓународни корпорации во областите на ИКТ (IBM, T-Systems, VMware, SAP, Atos, Cellent, Milestone, UGT), телеком (Deutsche Telekom, Telenor, Mobiltel, Vivacom ), финансирање (OTP Group, KBC, DZI, Commerzbank, Generali, Visa), државните институции (Министерство за внатрешни работи, НАП, Холандска царинска управа) и водечки компании во автомобилската, текстилната, гејминг, здравствената и други индустрии.