Мусар: Треба да се оди 5-6 чекори напред за доброто на Македонија и македонскиот народ, и Словенија го промени Уставот

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, денеска од вила Водно порача дека двете земји се долгогодишни пријатели и дека како претседателка ќе настојува тоа пријателство да биде уште подлабоко и пошироко.

-Македонија е во моето срце. Словенија секогаш ќе се грижи Македонија да ја добие помошта кон приближување во ЕУ. Тука ме врзуваат посебни чувства. Тука работев пред 10 години кога Македонија за усвојување на националното законодавство, се приближување кон законодавството на ЕУ. Како поранешен новинар, сакам да ги поздравам присутните новинари, бев во вашата професија и знам каква одговорна задача вршите. Словенија и Македонија соработуваат на повеќе полиња и настапуваме заеднички, кажа Мусар на прес-конференцијата со претседателот Пендаровски.

Мусар потсети дека и Словенија требаше да го промени Уставот на патот кон ЕУ
-Тогаш во мојата татковина е слушаше како тоа не е добро за словенечкиот народ, дека ќе се изгуби јазикот. Го променивме Уставот во член кој дозволуваше странците да поседуваат имоти и да купуваат. Имаше жешки расправии и дебати, но успеавме во тоа. Словечената политика беше свесна дека треба да биде единствена во европските проекти. Се надевам дека политичарите ќе сфатат колку е битна единственоста и размислувањето дека треба да се оди 5-6 чекори напред за да се сфати што е добро за Македонија и македонскиот народ. Посакувам дека ќе имате доволна политичка мудрост и ќе го промените Уставот, додаде Мусар, потенцирајќи дека и ЕУ треба да ја заврши својата работа.