Муслиманите ќе донираат крв за настраданите од терористичките акти во Волгоград и ќе помогнат при купување на лековите кои им се потребни, се вели во соопштението на Советот на муфтиите на Русија, пренесува „РИА Новости“.
Од советот повикуваат граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации.
За помалку од еден ден во Волгоград избувнаа две експлозии, на централната железничка станица и во тролејбус. И двете експлозии беа дефинирани како терористички акти.