Речиси три милиона припадници на муслиманскот малцинство на југот на Филипини гласаа во понеделникот на референдумот за автономија, потег со кој треба да се запре деценијата крвави борби и да им овозможи поголема контрола над територијата на која живеат и тамошните природни ресурси.
Жителите на регионот Минданао беа прашани дали го поддржуваат планот на побунетите сепаратисти и владата за воспоставување самоуправен регион под името Бангасаморо, или „нацијата Мора/Морао“, име коешто шпнаските колонијалисти му го дале на регионот со муслиманско население. Се очекува дека крајниот исход од референдумот ќе биде мнозински гласови „за“, што би овозможило да се обезбеди извршна, законодавма и фискална моќ во региотно , по децениите сепаратистчки бунт во кој се убиени над 120.000 луѓе, а околу два милиона ги напуштиле своите домови.
„Ова е многу значаен референдум кој ќе доведе до партиципаторна власт којашто ќе им овозможи на сите да бидат сослушани, како и никој да не биде запоставен. Автономијата го признава народот на Бангсаморо како луше со истакнат историски и културолошки идентитет, и ги почитуива нивнита права на доменот на претците, односно територијата на којашто живеат, ресурсите и правото на самоуправа“, вели за Reuters во врска со судирот експертот од Институтот за градење мир во Минданао, Руфа Кагоко-Гуам.
Минданао е вториот најголем филипински остров со рудни резерви кои се проценуваат на 300 милијарди долари, или 40 отсто од филипинските резерви, според податоците на владата во Манила.
Резултаите од референдумот ќе бидат познати кон крајот на седмицата. Победата на опцијата „за“ би значела дека Бангсаморо ќе ја има целосната контрола над катастарската реформа и одредување на правата на автохтоното населние. Поддржувачите на кампањата за право на земјиштетот истакнаа дека десетици илјади автохтони жители биле принуден да го напуштат местото на нивните претци поради милитантите, како и поради ширењето на дрвните и рударските компании.
Филипин и се најсмртоносната земја во Азија за руралните и еколошки активисти, според здружението за човекови права Karapatan од Манила.
Регионот Минданао беше сцената на најголемиот број убиства минатата 2018 година, во текот на владината операцција којашто следеше по воведуваето на полицискиот час во 2017 година порди опсадата на градот Марави од страна на исламските милитанти.
Мировни преговори со исламистите и маоистите
Филипински претседател Родриго Дутерте при преземање на должноста во 2016 година се обврза да ги запре герилските војни со комунистичките и со исламистичките бунтовници кои го попречуваат економскиот развој на земјата.
Военото крило на Комунистичката партија, кое се нарекува Војска на новиот народ, со своите три илјади војници, главно дејствува на истокот и југот на Филипини. Паралелно со овие преговори траат и обидите за спроведување на мировниoт договор кој филипинската влада го договори со муслиманската бунтовничка група Исламски фронт за ослободување на Моро (MILF).
Филипини се една од двете азиски држави (заедно со малиот Источен Тимор) со претежно католичко население, но во јужниот дел на „земјата на седумте илјади острови“ муслиманите се мнозинство.
По децениите вооружен бунт во кои загинаа десетици илјади луѓе, Националниот ослободителен фронт Моро (MNFL) и филипинската влада во март 2014 година потпишаа мировен договор кој предвидува создавање автономен регион на југот од земјата која пет милиони муслимани ја сметаат за земја на своите предци. Нацрт законот за ова прашање се наоѓа во парламентот.
Договорот којшто го потпишаа преговарачите на филипинската влада и Муслиманскиот фронт на националното ослободуваwе (MNLF) претставува прв чекор кон ставањето крај на бунтот на муслиманските екстремисти од југот на Филипини во кој, според некои процени, до 1970 година загинале 150 илјади луѓе.
Потпишувањето на анексот за учеството на бунтовниците во локалната власт го осигурува остварувањето на вистинска автономија за провинцијата Бангсаморо. Анексот за поделбата на власта кој беше потпишан во неделата се смета за најтешкиот дел од преговорите со веќе остарените бунтовници од MNLF кои сакаат извесни овластување во идната автономна област Бангсаморо, којашто опфаќа области во коишто муслиманите се мнозинство во јужниот дел на Филипини.
Меѓутоа, во јужниот дел од Филипини активни се и други групи востаници коишто сакаат да се прогласи независност на јужниот дел на Филипини. Незадоволството на Фронт за национално ослободување на Моро е поради тоа што во октомври 2012 година владата во Манила потпиша мировен договор, но не со ова движење, туку со помоќниот Исламскиот ослободителен фронт на Моро (MILF) или подоцна Муслиманскиот фронт на националното ослободуваwе (MNLF).
Движењето MNLF одамна е главна движечка сила на југот од Филипини, коешто од 1974 година започна војна со владините сили и паравоените исламистички формации, но во 1996 година потпиша мировен договор со владата. Во 2001 година, лидерот на MNLF, Нур Мисуари се обиде да крене нов бунт против централната власт, но тој набрзо беше задушен. Самиот Мисуари побегна во Малезија, од каде беше екстрадиран во Филипини, каде што од 2002 година се наоѓа во затвор, но сé уште е влијателна фигура во муслиманскиот свет.
Кон средината на октомври 2012 година филипинскиот претседател Бенињо Акино и лидерот на Исламскиот ослободителен фронт на Моро (IMLF), Ебрахим Мурад, се сретнаа во претседателската палата во Манила. Овој договор се доживуваше како напредок кон ставањето крај на четириесетгодишните судири во коишто загинаа околу 150 илјади луѓе и во текот на кои беше разорена економијата на регионот.
Долгоочекуваниот договор започна со реализација на планот според кој ќе биде воспоставен нов автономен регион Бангсаморо во јужните области каде што доминираат муслиманите во оваа мнозински католичка земја, а би требало да се случи пред крајот на претседателскиот мандат на Бенињо Акино во 2016 година. Бангсаморо се однесува на муслиманските и немуслиманските малцински народи во јужниот дел од Филипини.
Договорот претставува важен напредок во довербата меѓу владата и сепаратистичкиот Исламскиот ослободителен фронт на Моро (MILF) кој долго време со сомневање гледаше на мотивите на централните власти во Манила во преговорите. Договорот беше постигнат на преговорите во малезиската престолнина Куала Лумпур на почетокот од октомври 2012 година, а со него ќе се формира 15-члена преодна комисија која до 2015 година треба да предложи закон со кој ќе се формира новиот ентитет, којшто ќе ја замени сегашната автономија на регионот. Новиот ентитет и неговите надлежности ќе бидат одредени со плебисцитарно усвојување на суштинскиот закон.
Овој муслимански регион ќе добие поголеми политички и економски овластувања, вклучувајќи и воведување данок кој би ја намалил владината помош, потоа поголем удел во приходите од природните богатства и поактивна улога во внатрешната безбедност.
Овие планови сѐ уште може да бидат попречени со евентуалното одвојување на радикалните исламистички групи од MILF и нивното продолжување на борбата во регионот во кој се забележани врски со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда. Закана за договорот претставуваат и можните кланови коишто имаат под контрола некои области и сега би можеле да почувствуваат дека е загрозено нивното политичко влијание.
По четирите децении судири и речиси 15 години преговори за прекин на насилствата, сите повозрасни припадници на MNLF, беа нестрпливи да ги видат резултатите од годините мировни преговори, сметаат аналитичарите. Челните луѓе на движењето, исто така, може да бидат мотивирани и со можностите за приходите од големите резерви нафта, гас и минерали во бунтовничките области, делот на вкупното минерално богатство на островот Миндао се проценува на 312 милијарди долари.
Една од најрадикалните и најмоќни групи коишто може да го загрозат мировниот договор е Абу Сајаф (Носители на мечот) која е основана на почетокот од 1990-те со средства добиени од ликвидираниот водач на Ал Каеда, Осама бин Ладен. Во почетокот на 2004 година групата го изврши најголемиот во историјата на Филипини терористички чин кога во воздух го крена ферибот „Superferry-14“, при што загинаа повеќе од 200 луѓе.
Абу Сајаф е најмалата но најборбена исламска бунтовничка група којашто е активна на југот на Филипини. Според филипинското разузнавање, Абу Сајаф брои околу 400 припадници. Сепак, според експертите, операциите против милитантите кои последниве неколку години филипинската армија и безбедносните сили ги водат советувани од американските воени советници, сериозно ја наруши способноста на екстремистите и натаму да извршуваат големи терористички напади.
Групата често прибегнува кон киднапирање за откуп поради финансирање на своите активности. Ако откупот не е платен на време, заложниците се погубуваат