Муслиу: Заминувањето на младите има позитивен ефект, цената на трудот ќе почне да расте

„Заминувањето на младите предизвикува недостиг на работна сила, но тоа позитивно ќе се одрази на вработените, бидејќи цената на трудот ќе почне да расте, што може да биде мотив плус за некои да почнат да се враќаат“.

Ова во „10 минути“ на ТВ21 го изјави аналитичарот Алберт Муслиу.

Тој вели дека преселувањето ќе има позитивен ефект, ќе ја зголеми вредноста на работата.

Како за пример ја зема Албанија, бидејќи според него, со зголемувањето на миграцијата се зголемила и вредноста на работната сила.

Според него, тоа предизвикало многу Албанци кои заминале во Грција да се вратат во Албанија.

„Мислам дека Албанија помина низ ова“, додаде Муслиу.