Мутацијата на коронавирусот откриена во Данска, Холандија и Австралија

Мутирана варијанта на новиот коронавирус SARS-CoV-2 која била идентификувана во Велика Британија уште во септември, веќе се распространила низ целиот свет, изјави во неделата експертката на Светската здравствена организација (СЗО- WHO), Марија ван Керхов во интервју за британскиот јавен сервис BBC.

„Велика Британија ја окри оваа варијација (на вирусот) во септември, а таа се појавила на југоистокот на Англија. Постојано гледаме како се откриваат нови мутации на коронавирусот. Важно е да ги проучуваме, да следиме како се шират и што повлекуваат зад себе“, истакна ван Керхов.

Додаде дека мутацијата која е откриена во Обединетото Кралство, исто така, била идентификувана и во Данска, Холандија и Австралија.

На почетокот од седмицата, на 14-ти декември, британскиот министер за здравство Мет Хенкок потврди во јавноста дека британскиот наулници идентификувале нова мутирана верзија на коронавирусот, која можеби е поврзана со брзото ширење на заразите во југоисточна Англија. Како што рече, прелиминарните анализи покажале дека оваа мутација се шири повеќекратно побрзо од досега познатите соеви на вирусот.

Неколку дена поцона, на 19-ти декември, британскиот премиер Борис Џонсон на вонредна прес-конференција информираше дека првичните анализа покажале дека новиот тип на коронавируост моќе да биде 70 отсто позаразен, додавајќи дека британските експерти сѐ уште не пронашле докази дека тој може да доведе и до поголема смртност.

Како што рече Џонсон, новата мутација на вирусот предизвикало нагло зголемување на инциденцата во земјата по укинувањето на карантинот на национално ниво на 2-ри декември. Тој станал многу брзо доминантен во однос на претходната своја варијанта во Лондон и на југоистокот од Англија, и на него во моментов отпаѓаат 60 отсто од новите случаи на коронаинфекции, што ги принуди властите да преземат построги мерки во борбата против епидемијата.

Според последните податоци на британската влада, во текот на изминатите седум дена бројот на откриените случаи на коронаинфекција во земјата е зголемен за 41 отсто во однос на претходниот седумдневен период.

Велика Британија е една од најпогодените земји во Европа во пандемијата на коронавирусот, со повеќе од 67.000 смртни исходи, и е втора на контитентот по Италија според овој показател. Бројот на службено потврдените случаи на заразата во Британија надминува два милиона.