
Вработените и членовите на Синдикалната организација при Музејот на Македонија се оградуваат и не ги поддржуваат, како што велат, паралелните Синдикати на културата како и нивните активности и дејствија.
Преговорите за колективниот договор се веќе започнати од највисоките претставници на СОНК и Министерството за култура. Исто така би сакале да ве известиме дека СОНК е легитимен претставник на вработените во НУ Музеј на Македонија-Скопје со мнозинство на членови со вкупна бројка од 57 члена. Фер и коректни односи со раководството на Музејот и Министерството за култура. Во изминатиот период се направија напори и голем исчекор за заштита на вработените и подобрување на условите за работа и чување на материјалите. Би сакале да ја истакнеме поддршката од раководството на Музејот и Министерството, се наведува во соопштението од вработените во Музеј на Македонија.