Музејот на жртвите од 11/9 во Њујорк се отвара на 21 мај

Долгоочекуваниот музеј посветен на жртвите на терористичкиот напад на Светскиот трговски центр во Њујорк кој се случи на 11 септември 2001 година конечно ќе ги отвори вратите за посетителите на 21 мај. Музејот е изграден на местото на некогашните Кули близнчки кои беа срушени со патнички авиони.

2505muyej2

Официјалните лица соопштија дека Музејот на јавноста ќе биде отворен по церемонијата на 15 мај која ќе биде специјално за роднините на жртвите, како и пожарникарите, полицајците и другите спасувачи. Роднините во следните шест дена ќе можат сами да ја разгледаат постановката во музејот.

Музејот ќе има две постановки сместени во темелите на кулите кои беа срушени.