Во тешка сообраќајна незгода почина тапанарот од Битола, Горан Јосифовски (36), јави музичката телевизија „ИН ТВ“.
Од СВР Битола ја потврдија трагедијата. Јосифовски со патничко возило „комбе“ излетал од патот. Од СВР-Битола информираа дека возачот од здобиените повреди починал на самото место.
„Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт, а во координација со јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Извршен е увид на местото на несреќата од увидна екипа на СВР Битола“, информираат надлежните органи
Јосифовски беше поранешен член на „Екстра бенд“. Беше сопруг и татко на две малолетни деца.