Застапниците на оставнината на култниот британски музичар Дејвид Боуви одлучиле да го стават на продажба целиот каталог со негови песни, кој се проценува на 200 милиони американски долари, објави во петокот списанието Financial Times, повикувајќи се на свои извори запознаени со темата.
Според изворите, преговорите за продажбата се приведуваат кон крајот, а зделката би можела да биде објавена за јавноста во текот на следните седмици.
Колекцијата песни на Боуви е една од најочекуваните на пазарот во текот на актуелните спорови околу авторските права на музиката, пишува Financial Times. Нивната вредност вртоглаво порасна последните години, откако стриминг музичките апликации ги зажевеаја старите хитови во спомените на постарите и го побудуваат интересот кај помладите генерации.
Каталогот со песните на мултимедијалниот уметник, кој вклучува композиции од неколку децении, како што се албумите „The Rise and Fall of Ziggy Stardust“ (од 1972 година), „Heroes“ (1977), „Let’s Dance“ (1983), „Outside“ (1995) и други, ќе носи долгорочни и солидни приходи за неговите сопственици. Песните на Боуви и натаму се емитуваат на радиостаниците и на музичките тв-канали, за музичка илустрација на филмови и често се користат во рекламните акции.
Порано целосниот опус на своите нумери за рекордна сума од 300 милиони долари ги продаде Боб Дилан. Авторските права на Пол Сајмон достигнаа 250 милиони, на Нил Јанг за 150 милиони, а на њујоршкиот бенд Red Hot Chili Peppers чинеа 140 милиони долари. Купувачи се специјализирани фондови, музички компании и приватни акционерски групи, кои инвестираат во легендарните композиции, чија цена во последниот период драстично се зголеми.
Последниот албум на Боуви со насловот „Blackstar“ беше објавен на 80ми јануари 2016 година, на неговиот роденден. Уметникот кој беше еден од зачетнциите и силно одбележи речиси повеќе од половина век од поп-културата почина само два дена подоцна по подолго боледување.