Музички хепенинг на УМС на ВМРО–ДПМНЕ Велес

УМС на ВМРО–ДПМНЕ ОК Велес трета година по ред организира Музички хепенинг. Со овој настан политичкиот подмладок на ВМРО–ДПМНЕ им дава поддршка на талентирани млади луѓе за промоција и напредок на музичката сцена.

Годинава на Музичкиот хепенинг, пред граѓаните на Велес се претстави новоформираниот Рок Бенд – Циклон кој што е составен од петмина млади велешани.

Музички хепенинг на УМС на ВМРО–ДПМНЕ Велес
Музички хепенинг на УМС на ВМРО–ДПМНЕ Велес

Станува збор за релативно нов бенд на музичката сцена, но за неколку месеци откако бендот постои имаат освоено доста значајни награди меѓу кој и прво место на натпреварот на средношколски бендови во Република  Македонија организиран од страна на МАССУМ.

Членовите на бендот им се заблагодарија на Унијата на млади сили за можноста да се претстават пред младите во Велес.

Музички хепенинг на УМС на ВМРО–ДПМНЕ Велес
Музички хепенинг на УМС на ВМРО–ДПМНЕ Велес

Настанот беше проследен од голем број млади велешани. Од УМС им посакаа повеќе успеси и напредок во понатамошното функционирање.

Јас би им посакал успех во понатамошното функционирање, повеќе награди, повеќе публика и секако промовирање на сопствен албум. А ние како најбројна политичка младина во Велес ќе продолжиме да ги поттикнуваме и да ги подржуваме сите млади, креативни луѓе кои работат посветено во сите области. Всушност како што сме го правеле и сме го докажале тоа и до сега – рече Бојан Смилески, подпретседател на УМС на ВМРО – ДПМНЕ ОК Велес.