МВР: 25 граѓани го прекршиле полицискиот час

Според статистиката на МВР по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата  држава  25 лица во текот на изминатото деноноќие  не ја почитувале забраната за движење.

Приведени се 17 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Во изминатото деноноќие на  27 лица им се издадени решенија за изолација, а 138 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација