МВР: 57 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 28 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.