МВР: 591 прекршок за неносење заштитна маска, 48 лица не го почитувале полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие (04/05.06) на територијата на Македонија на 166 лице им се издадени решенија за изолација, а 197 лица потпишале изјави за самоизолација.

-Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и евидентирани се седум лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, информираат од МВР.

По однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 591 прекршок.

Исто така, по однос на забраната за движење, во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 48 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 38 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.