МВР апелира: Немили настани да не се користат за предизвикување меѓуетнички тензии

Министерството за внатрешни работи уште еднаш апелира немилите настани да не се користат за предизвикување на меѓуетнички тензии.

Од Министерството уште еднаш потсетуваат дека за настанот поднесени се шет кривични пријави, а осомниченото лице се наоѓа во притвор во времетраење од 30 дена.

-Во врска со немилиот настан кој се случи на 25-ти минатиот месец на ул „Борис Кидрич“ во Куманово кога по претходна меѓусебна расправија Б.И.(30) управувајќи „Мерцедес Ц200“ заедно со сопатниците неговиот брат Б.И.(23) и Т.Д., со предниот десен дел од возилото намерно ги удрил С.А.(36) од Куманово, неговата сопруга М.К.(36) и нивниот 4 годишен син, кое со тешки телесни повреди било префрлено на Детска хиругија при Државна болница, а подоцна на 01.07. им подлегна на повредите, Министерството за внатрешни работи веднаш по добивањето на пријавата во содејство со Јавен обвинител при ОЈО Куманово изврши увид на местото на настанот и ги презема сите потребни мерки со цел расчистување и документирање на истиот. Имено против пет лица на 26.06.2016 година СВР Куманово поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека првопријавениот Б.И.(30) сторил кривично дело „убиство“ по член 123 став 1 во врска со член 19 „обид“, додека останатите пријавени лица Б.И.(23), С.А.(36), С.Д.(36) и А.А.(32) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Од страна на судија на претходна постапка на првопријавениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, соопштуваат од МВР.

Имено, поради смртта на малиот Алмир се очекува кривичната пријава за делото „убиство во обид“ да биде преиначена согласно процедурите и законските прописи.