Министерството за внатрешни работи распиша оглас за 40 волонтери за периодот од 15 јуни до 15 септември. Според огласот, заинтересираните кандидати треба да бидат студенти на факултетите од областа на правните, безбедносните или економските науки.
Сите апликанти треба да достават потврда дека се студенти, мотивациско писмо и кратка биографија. Документите треба да се достават до Министерството за внатрешни работи, во писарницата на улица Димче Мирчев број 9, а може и во Секторите за внатрешни работи во Скопје, Битола, Велес, Куманово, Тетово, Штип, Струмица и Охрид.
Огласот трае до крајот на оваа недела.