Три деца синоќа биле донесени во Клиниката за детски болести во Скопје, откако на роденденска забава во игротека се напиле течност, најверојатно дизентал (средство за чистење), соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Клиниката за детски болести до МВР пријавила дека децата биле донесени со црвенило на слузницата во устата. Тие биле на роденденска забава во игротека на подрачје на Аеродром во Скопје.
МВР соопшти дека по преземени мерки и извршени разговори со родителите и вработените во игротеката, било утврдено дека децата се напиле од течност од шише, најверојатно дизентал, кое било оставено на шанкот.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението од МВР.