Од отворањето на гласачките места до 11,45 часот, регистрирани се четири инциденти на гласањето за референдумот за промена на уставното име според договорот со Грција, информираше на прес-конференција портпаролот на министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски.
Во Основното училиште „Лазо Ангеловски“, 22-годишник нападнал полициски службеници, по што е пријавен и се наоѓа во полициската станица Аеродром.
Од страна на 80-годишен маж од село гостиварско Зубовце, е пријавено дека бил нападнат од 64-годишна жена која подоцна била повикана во полициска станица.
Во Струга во зграда во близината на Основното училишпте „Браќа Миладиновци“, пријавено е фотографирање од мобилен телефон од лице од терасата на зградата. Веднаш се преземени мерки, и жителот на зградата е однесен во полициска станица.
Инцидент е регистриран и во Штип во Основното училиште „Ванчо Прќе“. маж носел храна во избирачкото место, и бил фотографиран. Веднаш било пријавено, реагирала полицијата и тој што фотграфирал е однесен во полициска станица.