МВР ги демантира бугарските медиуми – само двајца бугарски полицајци ќе ги придружуваат навивачите на софиска ЦСКА

Изминативе неколку дена во бугарските медиуми опширно се пишуваше за натпреварот меѓу Македонија Ѓорче Петров и ЦСКА Софија кој треба да се одигра во Скопје, и притоа беше нагласувано дека „голем број“ бугарски полицајци ќе ги обезбедуваат фудбалерите на бугарскиот клуб во Скопје.

Редакцијата на Курир испратилапрашања до македонското МВР за овој случај, а оттаму се вели следното:

„Во врска со Вашето прашање Ве известуваме дека од страна на бугарската полиција понудено е заедно со навивачите од Бугарија да дојдат и двајца полициски службеници во улога на спотери како поддршка на македонската полиција, а во врска со препораки за меѓународна полициска соработка и мерки за превенција и контрола на насилство и недостојно однесување при одржување на фудбалски натпревари со меѓународна димензија. Барањето ќе биде разгледано и во наредните денови соодветно ќе биде одговорено. Македонската полиција во целост е подготвена и гарантира безбедно одвивање на било кој натпревар, секако и на натпреварот за кој прашувате“, се вели во реакцијата на македонското МВР.