МВР ги достави податоците и отпечатоците на граѓаните во ДИК

Министерот за внтрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил напиша дека МВР ги доставило до Државната изборна комисија податоците на граѓаните.

– Денеска во 20:00 часот, Министерството за внатрешни работи ги достави до Државната изборна комисија податоците на граѓаните, вклучително и отпечатоците од прсти, со што го испочитува законскиот рок од 48 часа по распишување на локалните избори, предвиден во Изборниот законик – информираше Спасовски.