![uvid policija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/06/uvid-policija.jpg?resize=640%2C298&ssl=1)
Според првичните информации од истрагата, причина за трикратното убиство и самоубсивото од неделата утрото во скопското село Глумово се семејни недоразбирања, а убиецот, тројцата убиени и повреденото лице се членови на едно семејство
Утрово околу 10 часот 48-годишниот Ш.С. од село Глумово со пиштол извршил убиство на три лица, додека едно лице е рането и е пренесено на лекување на скопските клиники.
Сторителот пукал во трите лица на улицата „Панајот Гиновски“. Од нив две починале, 33 годишниот М.С. и 20-годишниот А.С, и двајцата од Глумово, додека третото лице, чиј што идентитет сѐ уште е непознат, е рането и е пренесено на болничко лекување.
Потоа, сторителот заминал во селото Глумово каде што пукал во лицето 56-годишниот А.Б.С. Глумово, кое исто така починало.
После тоа сторителот заминал од местото, а при обид да биде приведен од полициски службеници од единицата „Алфа“, тој извршил самоубиство.
При вршење увид покрај него бил пронајден пиштол „Астра А-80“, кој е подигнат за вештачење.
Претходно Основното јавно обвинителство, исто така, потврди дека сите настрадани во инцидентот, како и убиецот, се во роднински врски.
Сторителот на тројното убиство, како што објавија некои медиуми, ги убил својот брат А.С., неговиот син, односно внук на убиецот М.С. и внукот на братот – Ар.С. Потоа сторителот идентификуван како Ш.С. се самоубил откако одбил да ѝ се предаде на полицијата.