МВР ги потврди сообраќајките на автопатиштата Скопје-Штип и Скопје-Велес, апелира на внимателност

„Попладнево се пријавени три сообраќајни несреќи. Од нив две сообраќајни несреќи на патниот правец Скопје-Штип , а третата се случила на патниот правец Скопје-Велес, во кои, според пријавеното, учесници се две товарни возила и едно патничко моторно возило. Полициски службеници се упатени кон местата каде се случиле овие несреќи и подетални информации ќе имаме подоцна. Апелираме до возачите да возат внимателно и да ја прилагодат брзината на условите на патот, особено поради врнежите од снег“, велат од МВР за сообраќајките што се случија на автопатиштата Скопје-Штип и Скопје-Велес.

Како што информиравме претходно, поради лошите временски услови, односно континуираните врнежи од снег се случија повеќе сообраќајни несреќи, а Нетпресс беше сведок на две кои се случија пред некое време на патните правци Велес-Скопје и Скопје-Штип.

Сепак, според информации на патници, автопатот Штип-Скопје е блокиран на некои места од камиони.