МВР ги следи објектите кои се издаваат за дочеци на Новата година

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето гостување на ТВ21 рече дека очекуваат од Комисијата за заразни болести став по однос на празничните денови и дека соодветно на тоа МВР ќе постапува.

„За празниците очекуваме некаков став од Комисијата за заразни болести, да видиме што ќе препорачаат во однос на проценката која ќе се направи проценка за ризик. Ние во МВР посебно ги следиме овие ситуации на издавање на објекти за прослава на празниците. И веќе имаме одредени сознанија пред се во туристичките места, низ државата и во близина на Скопје и сериозно ќе преземеме мерки“, рече министерот.