
Полицијата го утврди идентитетот на починатото машко лице кое облеано во крв синоќа е пронајдено кон езерото Треска.
Станува збор за 79-годишниот Трајче Д. од Скопје чие тело беше пронајдено околу 19:30 часот на Глумовска кривина од с.Глумово, на самиот пат.
По завршување на обдукацијата ќе бидат познати причините за смртта на скопјанецот.