МВР и денеска ќе издава лични карти

Министерството за внатрешни работи и денес ќе издава лични карти.

Сите одделенија за управни работи на МВР денеска на денот на локалните избори, ќе работат и ќе издаваат лични карти на граѓаните.

МВР соопшти дека канцелариите ќе бидат отворени од 7:00 до 19:00 часот.