МВР информира за запалениот автобус во Бутел

МВР излезе со детали за автобусот на ЈСП кој денеска се запали. 

Денеска (29.07.2024) околу 12 часот во СВР Скопје З.М., вработен во ЈСП, пријавил дека додека управувал автобус од Транспортен центар кон с. Бањани, на ул. Христијан Тодоровски Карпош во Скопје забележал дека автобусот има дефект, по што застанал и ги симнал патниците, по што настанал пожар во автобусот, информираа од полицијата. 

Досега нема пријава за повредени лица.