МВР: Исмаиловиќ не ни побегна, екпресно го најдовме, ВМРО-ДПМНЕ свесно лаже

Министерството за внатрешни работи реагира на обвинувањата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за денешното исчезнување на Агим Исмаиловиќ од Кривичниот суд во Скопје, откако обвинителката Фатиме Фетаи побарала притвор за обвинетиот во „Монструм“.

„Со денешното соопштение партијата ВМРО-ДПМНЕ покажува класичен политички дилетентизам и незнаење. Трагично е што или не знаат што зборуваат или свесно ги лажат граѓаните. Вистината е сосема спротивна. Откако МВР е известена од судот дека лицето А.И. го нема во судот, каде во тек било рочиште, МВР експресно го пронајде и спроведе за издржување на мерка притвор. Тоа се вели ефикасност и законско постапување согласно надлежностите. А.И. не му избегал на МВР, а соопштението на ВМРО-ДПМНЕ е целосна лага. МВР е стожерот во борбата против незаконското постапување на било кој поединец, без разлика колку тоа на ВМРО-ДПМНЕ не им се допаѓа, правда мора да има!“, се вели во реакцијата на МВР.