МВР исплатило над 15 милиони евра по основ на тужби од оштетени вработени

-Денес, на мое големо изненадување, добив “честитка” од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, со што се потврдува уште еден од илјадниците случаи на политичка и незаконска “тортура” врз вработени во МВР раководено од кумановскиот тиранин Спасовски, објави на фејсбук Бојан Христовски, претседател на ГК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Во прилог, илустрација за штета на буџет на РМ поради самоволието на претседателот во обид на СДССМ:
-Штета од 3 милиони евра годишно, или преку 15 милиони евра исплатени/извршени средства по основ на тужби поднесени од страна на вработени во МВР, поради незаконски постапки на нивна штета, а предизвикани со потпис на т.н. министер.
П.С. , со 15 милиони евра може да се изврши речиси целосна замена на возниот парк во МВР, напиша Христовски.