Во продолжение го пренесуваме целиот демант интегрално:
Во текот на денешниот ден (20.06.), на неколку интернет портали беше објавено дека Министерството за внатрешни работи распишува оглас за прием на 600 полициски службеници, кој всушност е објавен на 10.06.2015 година и моментално е во завршна фаза (избраните кандидати за полицајци се пред крај на обуката за оспособување).
Ги информираме граѓаните дека станува збор за дезинформација и дека Министерството за внатрешни работи нема распишано нов оглас за прием на нови кадри и апелираме дека доколку во иднина се објави нов оглас, за истиот во транспарентна постапка, ќе бидат информирани преку дневните весници, на официјалната веб страна на Министерството и преку медиумите за јавно информирање како и досега.