МВР му поднесе кривична пријава на Беким Мемети, затвореникот кој имаше филмско бегство од Идризово

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.М.(37) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „бегство на лице лишено од слобода“.

-На 12.01.2023 на автопатот „Пријателство“, додека бил вршен спровод на пријавениот, осудено лице, од Казнено-поправната установа Идризово до Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, тој одзел службен пиштол од вработен во затворската полиција и испукал еден проектил, со кој го ранил.

Притоа, службеното возило застанало, а пријавениот излегол од возилото и влегол во патничко возило „ауди“ без регистарски ознаки и заминал, информира МВР.