МВР: На вчерашниот протест пријава за напад има само врз Исмет Гури

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во врска со вчерашниот протест на плоштадот Скендербег во Скопје има пријавено само еден физички напад. Нападнат бил Исмет Гури од ДУИ од непознато лице. На Гури му била укажана помош во ГОБ Наум Охридски.

– Други пријави за физички напад на вчерашниот протест до сега во МВР нема. Апелираме доколку има сторено било какво дело врз безбедноста и сигурноста на било кој граѓанин, тоа да го пријави во најблиската полициска станица, врз основа на што Министерството за внатрешни работи според професионалните стандарди ќе преземе соодветни мерки за расчистување на случајот, како и во било кој друг случај, стои во соопштението на МВР.