МВР набави налепници НМК, наместо замена на регистарските таблички

На два месеци до крајниот рок за замена, МВР набави налепници со натписот NMK за регистарски таблички за сите оние кои имаат таблички со старата ознака.

На сајтот за јавни набавки е објавено дека се набавени 4 вида на налепници чии цени се меѓу 25 и 35 денари по комплет. Цената е без ДДВ.

Обврската за промена на кодот на регистрациите произлегува од Преспанскиот договор, а крајниот рок е 12-ти февруари догодина. По критики од јавноста, МВР го смисли решението за налепници врз постоечките таблички наместо целосно менување на табличките кое што чини минимум 60-тина евра.

Од МВР за Телма велат дека налепниците ќе се делат во станиците за технички преглед, при регистрација или возачот сам ќе може да ги подигне.

Нема да бидат бесплатни, но од МВР уверуваат дека ќе се наплаќа симболична цена блиска на набавната цена добиена на тендерот. Цените на налепниците на тендерот без ДДВ се меѓу 25 и 35 денари.