14.8 C
Skopje
понеделник, мај 13, 2024

МВР негира дека во Велес е даван поткуп како социјална помош

Во врска со информацијата објавена во дел од интернет порталите дека во Велес се давани пари како поткуп во вид на социјална помош на граѓаните, МВР известува дека во СВР Велес ниту е пријавен таков настан ниту пак е постапувано за таква работа.

Апелираме до овие медиуми да не изнесуваат невистини, особено во период на предизборен молк. За сите потребни информации стоиме на располагање на медиумите, велат од МВР.