МВР откри шест илегални мигранти

МВР вчера откри шест илегални мигранти во возило на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на селото Мрзенци.

Автомобилот со мигрантите го управувал триесет и двегодишниот С.С. од скопско Кондово.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.