Од Министерството за внатрешни работи информираат дека преземаат соодветни мерки за детектирање и санкционирање на сите форми на изборен поткуп и притисок врз гласачите.
– Во таа насока ги информирам граѓаните дека во текот на изминатите денови СВР Скопје презеде мерки и активности и постапи врз основа на објавен видео клип со наслов ,,Организиран поткуп на гласачи од структури на МВР и пратеници од СДСМ” при што во содејство со полициски службеници од Одделот за Внатрешна контрола и професионални стандарди во координација со ОЈО, идентификувано е лицето кое што се наоѓа на видео клипот односно утврдено е дека се работи за лицето Ш.Е. од Скопје, вработен во Одделението за управни служби во МВР којшто на подрачјето на Општина Шуто Оризари во непосредна близина на општината врши соодветна активност со група граѓани од ромска националност – велат од МВР.
– Од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи од Скопје извршен е разговор со истиот и и извршен е претрес во неговиот дом поради пронаоѓање докази предмет на кривично дело од чл.162 ,,Поткуп при избори и гласање”. При извршениот претрес не се пронајдени предмети по основ на кривично дело по чл.162, но од страна на друго лице А.В. кој што исто така е на видеото, приложен е список од околу 20 лица со име презиме, матичен број адреса и телефонски броеви рачно пишувани на обични листови од училишни тетратки. Согласно информациите добиени од страна на СВР Скопје, лицето Ш.С. дало известување дека пред да биде вработен во МВР бил активист на невладина организација која што во рамките на владата имала проект за донации на граѓани од ромска припадност кои што се од загрозена група граѓани и за таа цел наводно правел список со цел да биде дадена донација – пишува Наќе Чулев.