![mvr-1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/mvr-1.jpg?resize=640%2C480&ssl=1)
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија инцидентот во којшто припадник на единица за специјални задачи „Тигар“ е повреден од истрел на огнено оруже попладнево во касарната „Илинден“.
„Околу 15 часот пријавено е дека во касарната „Илинден“ полицискиот службеник З.М. при подготовка на оружјето за чистење го погодил полицискиот службеник Ц.А. кој бил во истата просторија. Ц.А. е префрлен во Клинички центар“, посочија од МВР за „Нетпрес“.